Професионални онлајн медиуми

Во Промедиа (Промедиа), односно во СЕММ може да членуваат онлајн-медиуми што:

1. 

Имаат МК-домејн.

2. 

Имаат наведено веродостоен импресум (име и презиме на главен, односно одговорен уредник, и состав на редакцијата), адреса и други неопходни податоци за контакт.

3.

Редовно објавуваат информативни содржини од јавен интерес.

4. 

Ги наведуваат датумот и часот на објавување на своите содржини.

5. 

Имаат регистрирано деловно активно трговско друштво или деловно активно здружение на граѓани што не учествува на пазарот на комерцијалното и политичкото рекламирање и огласување.

6. 

Транспарентно ги декларираат сопственоста и начинот на финансирање согласно со законите, а по барање на СЕММ и на Промедиа, презентираат и податоци неопходни за ажурирање на членството.

7. 

Имаат најмалку двајца вработени во редакцијата, согласно со Законот за работни односи.

8. 

Редовно објавуваат авторски содржини, со почитување на авторските права во согласност со законот и во согласност со Основните правила на преземање содржини меѓу членките на Промедиа.

9. 

Имаат објавено ценовници за рекламирање.

10. 

Видливо ги означуваат платените комерцијални содржини.

11. 

Ги почитуваат Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ.

12. 

На својата страница ќе постават банер со кој се обврзуваат дека ги почитуваат Кодексот на новинарите и принципите на саморегулација.

13. 

Ги објавуваат одлуките на СЕММ и се вклучуваат во процесот на медијација.

14. 

Го прифаќаат правилото според кое медиумот се исклучува од членство по 3 одлуки на Комисијата за жалби во рок од 3 месеци, во коишто е утврдено прекршување на Кодексот на новинари, при што Управниот одбор на СЕММ го зема предвид однесувањето на медиумот во текот на процесот, учеството во медијацијата и поправката на стореното прекршување.

15. 

Прифаќаат редовно ажурирање на регистарот на Промедиа на секои 3 месеци, од страна на СЕММ и ЗНМ, во координација со Комисија на Промедиа.

Основни правила на преземање содржини меѓу членките на Промедиа :

1. 

Професионалните онлаjн-медиуми членки на Промедиа и СЕММ ги почитуваат авторството и авторските права согласно со законот, како еден од клучните етички и професионални стандарди на новинарската професија.

2. 

Под поимот содржини во контекст на овие Основни правила се подразбираат текстови со различни жанровски особености, фотографии, видеа и други мултимедијални содржини, со кои медиумите известуваат за настани и појави од најразлични области, како и мислења во различни жанровски облици.

3.

При преземањето содржина од друг онлајн-медиум, задолжително е во насловницата (во наднасловот, поднасловот, или во насловот, а по исклучок кога нема поднаслов, во лидот, односно во првата реченица на веста) да се наведе од кој медиум е преземена содржината.

4. 

Покрај правилото од точка 3, при преземање содржина од друг онлајн-медиум, потребно е на соодветно место да се објави хиперлинк до изворната содржина.

5. 

На начинот опишан во точките 3 и 4, дозволено е преземање најмногу до 20 отсто од оригиналната содржина.

6. 

Секој медиум за одделни содржини, за кои смета дека имаат карактер на ексклузивност, може да постави дополнителни услови за преземање (ембарго за преземање и слично), при што дополнителните услови ги објавува за секоја содржина, со јасен и видлив текст или со друг вид јасна и разбирлива ознака.

Промедиа

© Copyright - Промедиа.
Сите права се задржани.

Оваа веб страна нема поврзаност со граѓанската организација „Промедиа“