Цели
Целите на постоењето на Регистарот на професионални онлајн медиуми
Да се прикажат онлајн медиумите што ги исполнуваат критериумите на Советот за етика во медиумите на Македонија за членство во регистарот на професионални онлајн медиуми – Promedia.mk. Критериумите се поделени на обврзувачки и необрзувачки. Promedia.mk дава визуелен приказ на тоа кои онлајн медиум ги исполнуваат задолжителните критериуми (минимум стандарди за да се биде дел од регистарот).
Да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство.
Да се афирмира саморегулацијата во медиумите како моќен инструмент за професионализација на работењето на медиумите.
Да се заштити интересот на јавноста за објективни, урамнотежени и веродостојни информации од медиумите.
Да се поддржат бизнис заедницата и маркетинг секторот во препознавањето на професионалните медиуми заради натамошна соработка со нив.
Информациите на професионалните медиуми да имаат поафирмативен третман во пласирањето на содржини од страна на агрегаторите на вести.
Во заложбите за ширење на медиумската писменост, граѓанскиот сектор и образовните установи да го користат Регистерот во посочувањето и афирмирањето на професионалните онлајн медиуми.
