Правила за членки

1

МК-домејн

2

Целосен импресум (име и презиме на главен/одговорен уредник и состав на редакцијата. Адреса и контакт детали

3

Медиумот редовно да објавува информативни содржини од јавен интерес

4

Да биде наведе датумот и часот на објавување на содржините

5

Информација за деловно активно трговско друштво или деловно активно здружение на граѓани што не учествува на пазарот на комерцијално и политичко рекламирање и огласување

6

Транспарентно да се декларира сопственоста и начинот на финансирање, согласно законите, а по барање на СЕММ и на Промедиа, да прикажат податоци неопходни за ажурирање на членството

7

Најмалку двајца вработени во редакцијата, согласно Законот за работни односи

8

Редовни авторски содржини, со почитување на авторските права во согласност со законот и основните правила за преземање содржини од други медиуми

9

Објавени ценовници за рекламирање

10

Видливо означени платени комерцијални содржини

11

Онлајн медиумите од регистарот Промедиа го почитуваат Кодексот на новинарите на Македонија, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ

12

На својата страница поставуваат банер со што се обврзуваат дека го почитуваат Кодексот на новинарите и принципите на медиумска саморегулација

13

Ги објавуваат одлуките на СЕММ и се вклучуваат во процесот на медијација

14

Се прифаќа правилото според кое медиумот се исклучува од членство во Промедиа по 3 одлуки на Комисијата за жалби, во рок од 3 месеци, во коишто е утврдено прекршување на Кодексот на новинари, при што Управниот одбор на СЕММ го зема предвид однесувањето на медиумот во текот на процесот, учеството во медијација и исправка на стореното прекршување

15

Се прифаќа редовно ажурирање на регистарот Промедиа, на секои 3 месеци, од СЕММ и ЗНМ, во координација со Комисијата на Промедиа.

Основни правила на преземање содржини меѓу членките на Промедиа :

1

Професионалните онлаjн-медиуми членки на Промедиа и СЕММ ги почитуваат авторството и авторските права согласно со законот, како еден од клучните етички и професионални стандарди на новинарската професија.

2

Под поимот содржини во контекст на овие Основни правила се подразбираат текстови со различни жанровски особености, фотографии, видеа и други мултимедијални содржини, со кои медиумите известуваат за настани и појави од најразлични области, како и мислења во различни жанровски облици.

3

При преземањето содржина од друг онлајн-медиум, задолжително е во насловницата (во наднасловот, поднасловот, или во насловот, а по исклучок кога нема поднаслов, во лидот, односно во првата реченица на веста) да се наведе од кој медиум е преземена содржината.

4

Покрај правилото од точка 3, при преземање содржина од друг онлајн-медиум, потребно е на соодветно место да се објави хиперлинк до изворната содржина.

5

На начинот опишан во точките 3 и 4, дозволено е преземање најмногу до 20 отсто од оригиналната содржина.

6

Секој медиум за одделни содржини, за кои смета дека имаат карактер на ексклузивност, може да постави дополнителни услови за преземање (ембарго за преземање и слично), при што дополнителните услови ги објавува за секоја содржина, со јасен и видлив текст или со друг вид јасна и разбирлива ознака.